ПМФЛ: Први победи за Вардар, Шкендија и Шкупи во новата сезона

Бранителот на трофејот Вардар, како и Шкендија и Шкупи забележаа победи во неелата во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига и првпат во новото првенство освоија три бода.

Вардарци се радуваа на теренот на Академија Пандев во Струмица, додека Шкендија и Шкупи забележаа полн погодок на свој терен.

Резултати на четирите денешни средби од 2. коло од ПМФЛ:
Академија Пандев – Вардар 0:1
Борец – Ренова 1:1
Шкендија – Струга Трим и Лум 2:0
Шкупи – Македонија Ѓ.П. 3:1.

Одиграни претходно
Силекс – Пелистер 2:2
Работнички – Беласица 2:0.

Табела: Силекс, Шкупи, Шкендија, Пелистер и Борец по 4 бода, Работнички, Вардар и Македонија ЃП 3, Ренова 2, Струга Трим и Лум 1, Академија Пандев и Беласица 0. зс/