ПМФЛ: Шкупи ја почнува одбраната на титулата против Тиквеш, Академија Пандев ја пречекува Брегалница

Со жрепка попладнево во седиштето на ФФМ е одреден распоредот на натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за новата сезона 2022/23.

Воведното коло ќе се игра на 6 август, а шампионот Шкупи одбраната на титулата ќе ја почне со гостување во Кавадарци кај Тиквеш.

Академија Пандев, пак, во 1. коло во Струмица ја пречекува Брегалница, а Шкендија во Тетово ќе го пречека Скопје.

Нови членови на прволигашкото друштво се Силекс и Победа.

Дел од ждрепката беше и екипата на Ренова, која претходно најави и можност за откажување од лигата, но на крај „гипсарите“ ќе играат во новата сезона главно со младински состав. Ренова ќе ја стартува новата сезона со гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Зимската пауза е предвидена за 11 декември кога ќе биде одиграно 18. коло, а пролетниот дел од сезоната ќе стартува на 19 февруари.

ПМФЛ – СЕЗОНАТА 2022/23 (1. коло – 6. август)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
Академија ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА Трим Љум – ПОБЕДА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РЕНОВА