ПМФЛ: Шкупи ѝ го нанесе првиот пораз на Струга

Фудбалскиот тим Струга ТЛ го доживеа првиот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига, и тоа на гостувањето против шампионот Шкупи во 11. коло од шампионатот.

Минимален пораз од 1-0 доживеа четата на Срѓан Захариевски, по пеналот на Алварез во 57. минута… Адетунџи и голманот на стружени Ќосевски се судрија, а главниот судија Александар Ставрев оцени дека има прекршок врз офанзивецот на Шкупи.

„Типичен дерби дуел, каде што немаше многу шанси, туку многу тактизирање од двете страни. Мислам дека одлучувачки беше пеналот кој што не сакам да го коментирам. Ние имавме свои шанси после примениот гол, но потфрли реализацијата наша, така да продолжуваме понатаму без разлика на овој пораз” – истакна Захариевски по првиот пораз сезонава за неговиот тим.