ПМФЛ: Шкендија се врати на првото место

Екипата на Шкендија со победата над Акамедија Пандев со 2:1 во единствениот натпревар одигран денеска од 3-то коло од Првата фудбалска лига се врати на првото место на табелата.

Головите за Шкендија ги постигнаа: Арменд Алими во 19 минута и Стениот Жуниор во 30 минута, додека стрелец за Академија Пандев беше Љупчо Дириев во 88 минута.

Натпреварот Работнички – Вардар е одложен.

На вчера одиграните дуели: Силекс – Пелистер 1:4, Скопје – Ренова 0:0 и Победа – Шкупи 2:1.

Табела: Пелистер 7, Шкендија 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Вардар 3, Победа 3, Работнички 2, ренова 2, Скопје 1, Шкупи 1.