ПМФЛ: Струга загуби два бода кај Скопје, Шкупи го победи Работнички

Лидерот на табелата, екипата на Струга Трим Лум одигра само 1-1 на гостувањето кај фенерџијата Скопје, Шкупи со 4-2 го совлада Работнички и дојде на три бода до врвот.

Струга не успеа да ја задржи предноста од пет бода пред паузата на сезоната, стружани беа фаворит на гостувањето кај Скопје, но не го освоија целиот плен иако имаа водство со гол на Малески во 57. минута. 12 минути подоцна Игњатов изедначи на 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.

Киксот на Струга го искористи шампионот Шкупи кој со 4-2 го совлада Работнички кој ја имаше улогата на домаќин. Адетунџи постигна два гола, еднаш погоди Трпановски, а автогол си даде Исмаили. Головите за романтичарите беа дело на Максимов.

Шкупи сега има три бода помалку од Струга но и натпревар помалку, а тоа ги става во одлична позиција по крајот на есенскиот дел од сезоната.

Академија Пандев доживеа нов непријатен пораз откако на свој терен загуби од Тиквеш со 2-0. Ивановски и Лазаров беа стрелци на головите за кавадарчани.

Македонија Ѓорче Петров со победа се враќа од Кратово, тие го совладаа Силекс со 3-1. Филип Мишевски беше херојот на скопскиот тим, постигна хет-трик, голот за Силекс беше дело на Ристовски.

Нерешено заврши мечот меѓу Брегалница и Победа, 2-2. Домаќините водеа со 2-0 со голови на Додев во првото полувреме, во вториот дел Победа израмни со погодоци на Мазари и Губам.

Слободна ова коло беше екипата на Шкендија.

ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО

Академија Пандев – Тиквеш 0-2 (0-1)

Ивановски 21, Лазаров 61

Брегалница – Победа 2-2 (2-0)

Додев 17, 21 – Мазари 48, Губам 72

Скопје – Струга Трим Лум 1-1 (0-0)

Игњатов 69 – Малески 57

Работнички – Шкупи 2-4 (0-3)

Максимов 55, 63 – Адетунџи 7, 21, Исмаили 40 аг., Трапановски 79

Силекс – Македонија ЃП 1-3 (0-2)

Ристовски 76 – Мишевски 14 п., 24, 83 п.

Шкендија е слободна

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 37 (17), Шкупи 34 (16), Шкендија 28 (16), Тиквеш 26 (17), Силекс 26 (17), Брегалница 21 (16), Македонија ЃП 20 (16), Работнички 18 (16), Победа 13 (16), А. Пандев 12 (17), Скопје 11 (16).