5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

По 11 години Кијану Ривс ja откри вистината зад „тажната фотографија“ со која стана хит меме

Славниот холивудски актер Кијану Ривс во 2010 година беше фотографиран како седи на клупа и јаде сендвич со тажен израз на лицето. Фотографијата веднаш стана ХИТ на социјалните мрежи. Сега, по 11 година, Ривс откри како настанало неговото тажно хит-меме.

-Само си седев и јадев сендвич, рече Кијану кој гостуваше во „The Late Show“ кај Стивен Колберт и откри дека сето ова време сме биле во заблуда за неговите емоции на фотографијата.

„Размислував. Ми се случуваа многу работи. Бев гладен“, одговори 57- годишниот актер на прашањето на водителот дали воопшто бил тажен во моментот кога бил фотографиран.

Неговиот тажен израз го споделуваа твитерџиите тогаш кога сакаа да покажат дека се чувствуваат тажни во моментот.