По 55 години се гради нова католичка црква на Куба

Нова католичка црква ќе се гради по 55 години на Куба, а експертите наведуваат дека тоа е знак за унапредување на односите меѓу Ватикан и комунистичката Влада на Куба.

Изградбата ќе ја финансираат католички донатори од Тампа, Флорида, а црквата ќе биде изградена во Сандино, град на западот на земјата, познат по производство на кафе и лимон. Во новата црква ќе има места за 200 верници.