По 80 години стара градска ќе добие комплетно нов лик

тодоров

До сега 28 доктори од оваа здравствена установа се испратени на едукација во странство и тоа во сериозни и многу напредни здравствени центри во САД, Словенија, Германија Турција, Србија..21 доктор е на специјализација од кои двајца се во странство, во Љубљана и во Белград а се чека да тргне и уште еден. На овој начин сериозно се зајакнуваат двата основни столбови на здравствената заштита и тоа здравствената инфраструктура и кадровскиот потенцијал, истакна Тодоров.

Во делот на опремата направени се крупни инвестиции, додаде Тодоров.

Само во последната година има инвестиција од 50 милиони денари на опрема која што е веќе ставена во функција и на здравствените работници и на пациентите. Инвестирањето во овие три столба овозможува напредок на болницата. Напредокот на болницата се гледа и во воведените нови методи и процедури. Во оваа здравствена установа во последните 3 години се воведени 72 нови методи или процедури, рече Тодоров.

Тој заклучи дека ова е сериозно поместување на нивото на квалитет на здравствената установа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.