По „Адидас“ и„Мерцедес“ се откажа од Ирак поради заканите од Трамп

Германската автомобилска компанија „Дајмлер” се откажа од планираното проширување на бизнисот во Иран, по повторното воспоставување на американските санкции за Техеран и заканата од американскиот претседател Доналд Трамп да ги казни компаниите што работат во таа земја. Производителот на „мерцедес бенц“ се повлече од Иран, иако вчера Европската Комисија излезе со соопштение дека ќе ги заштити од казни сите европски фирми кои ќе продолжат да работат во Иран и со иранските компании.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска од Нов Зеланд дека ЕУ ги охрабрува компаниите да развиваат бизнис со Иран, бидејќи таа земја ги исполнува условите за примена на договорот за нуклеарно оружје. Според неа, ЕУ вложува напори иранскиот народ да има економски бенефит кој го носи примената на договорот, бидејќи е во интерес на целиот свет.

„Дајмпер“ ги прекина своите „ограничени” активности во Иран бидејќи трговските ограничувања стапија на сила денес, се наведува во соопштението на производителот „Мерцедес-бенц“.

Ќе продолжиме внимателно да ја следиме политичката ситуација, особено во однос на иднината на нуклеарниот договор, велат од „Дајмлер“.

Претходно вчера и германскиот гигант „Адидас“ соопшти дека ја прекинал соработката со Фудбалскиот сојуз на Иран, чии фудбалери на неодамнешниот Мундијал во Русија носеа опрема од овај реномиран производител.