По американските царини, Канада воведува реципрочни мерки во износ од 2,3 милијарди евра

Канада за еден месец ќе воведе „реципрочни мерки“ во износ од 2,3 милијарди евра, како одговор на одлуката на САД да ги вратат царините од 10 отсто за американскиот алуминиум, соопшти во петокот канадската вицепремиерка Кристија Фриленд

Оценувајќи го указот кој го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп како „неразумна одлука“, Фриленд рече дека канадскиот премиер Џастин Трудо следниот месец ќе одржи „консултации за долгата сеопфатна листа на (американски) производи кои содржат алуминиум“.

Реципрочните мерки ќе стапат на сила по овие консултации, додаде Фриленд на прес-конференцијата. Додаде дека Отава на овие „неправедни царини“ ќе возврати „брзо и решително“

„За секој долар со кој САД ќе го оданочуваат канадскиот увоз, ќе возвратиме со еднаква царина. Нема да ја влошуваме систуцијата, но нема да отстапуваме“, истакна канадската вицепремиерка.

Фриленд додаде дека „алуминиумската индустрија е важна за канадската економија“ и оти генерира околу 10.000 директни работни места.

Американските царини на канадскиот алуминиум треба да стапат на сила на 16-ти август.

Враќањето на американските царини доаѓа само неколку седмици откако на почетокот од јули на сила стапи новиот договор за слободна трговија (USMCA) меѓу САД, Канада и Мексико. Тој претставува замена за договорот NAFTA (Северноамериканскиот договор за слободна трговија) потпишан во 1994 годијна кој едногласно беше оценет како застарен.

Во јуни 2018 година, среде договорите за измена на договорот NAFTA, Трамп не се двоумеше да воведе казнени царини на канадскиот алуминиум, поради откажувања на одредени аранжмани. Отава тогаш веднаш најави царини на американски производи од челик и алуминиум, но и на виски, кечап, сок од портокали, едрилици, моторни чамци, косилки и др. Трамп во мај 2019 година се откажа од воведувањето царини под услов Канада „да не го преплавио пазарот во САД со свој извоз и да не ги уништи сите работни места во алуминиумскиот сектор“.