По аудио бомбата зоврива во СДСМ, обвинувања дека Заев е камен околу вратот на партијата

Последната аудио бомба во која можеше да се чуе гласот на Зоран Заев чија автентичност самиот тој ја потврди дознаваме дека ги разбранувала страстите во самата партиска структура на СДСМ.

Познавачите на состојбите велат дека аудио записот во кој може да се чуе како Заев е во спрега и диктирал одлуки на Врховен Суд и СЈО, бил капката којa ја прелилa чашата за се’ погласно негодување, дури и во високите партиски кругови на начинот на кој Заев ја води партијата, кој според многумина социјалдемократи завршува директно во амбис и сигурен пораз. Дека состојбите се далеку од идеални можело да се види и преку безмалку траорната атмосфера во која помина и минатонеделниот марш на СДСМ за правдата, кој според ниската излезност и лошиот амбиент бил оценет за тежок кикс. Дека кај СДСМ одамна не штима е тоа што на тој марш не се појавија голем дел од највисокото партиско раководство, како што е Петре Шилегов, Рената Дескоска, Радмила Шекеринска… Кај голем дел од членовите владеело незадоволство кое е наталожувано од низа одлуки, а истото не можело да се сокрие од вчерашната бомба која беше емитувана. Дека реакцијата на СДСМ беше дезориентирана и слаба, освен отсуството на аргументи, говори и тоа дека Заев бил препуштен сам да се брани бидејќи и најблиските соработници изразиле резевираност да го бранат неодбранливото.

Токму поради настанатата нервоза неформално дознаваме дека се одржал пладневен состанок на највисоките кругови од СДСМ на локација во една периферна скопска населба на која се разговарало отворено и на повисок тон, а на која присуствувале повеќе луѓе од врвот на партијата, поточно еден градоначалник со искуство од правото, пратеник од крилото на Оливер Спасовски, министер кој важи за близок и е протоже на Радмила Шеќеринска, пратеник од внатрешноста кој важи за близок до фамилијата и самиот Заев, како и еден негов советник кој потекнува од невладиниот сектор, а кој претходно и’ беше познат на јавноста по многуте пари добиени на тој начин. Крилото на техничкиот премиер и можен наследник на Заев, Оливер Спасовски, изразило негодување од последната бомба што СДСМ го прави ранлива партија во пресрет на изборите.

Пратеникот кој е близок до Спасовски гласно говорел: „Ние наместо да се бориме за резултат, Заев ни заврза јамка околу вратот“, рекол тој.

Градоначалникот на власта присутен на средбата бил порезервиран во оспервацијата, но рекол дека невнимателноста на Заев станува негова најголема ризична точка и дека таквото аудио ја компромитира целата партија. Претходно советникот на Заев гласно коментирал дека непромисленоста на Заев создава главоболки од кои партијата подоцна е невозможно да се вади, но допопнителен отежнителен фактор е што целосно се компромитира пред меѓународната заедница, и дека ги става во позиција кога се погласно ќе негодуваат на неговите испади. Едноставно аферите станувале како пердув кои не може да се фаќаат, а сето тоа ги слабеело позициите на Заев. На средбата станало потензично кога министерот кој важи за близок на Шекеринска искоментирал дека е најзагрижен од тоа што симпатизерите на СДСМ со ваквите аудио бомби си го поставуваат прашањето која била целта на замена на Груевски со Заев, кога може да се чуе како и Заев јавно се фали со своите конекции во судството и обвинителството. Најголем страв им било што ова ја уништува целата енергија која и така ја нема во СДСМ во пресрет на наредните парламентарни избори, како и стравот од идни бомби кои целосно ќе го деградираат Заев. Пратеникот од внатрешноста од редовите на СДСМ присутен на средбата искоментирал дека Заев по изборите ќе се врати на бизнисите и дека е обезбеден, но СДСМ ќе тоне по евентуален пораз на изборите кој вака станува се поочигледен.

– Народот не е слеп ако ние се правиме слепи, рекол тој.

Се согласиле дека најголемиот проблем е што не може да си го мотивираат членството, чие незадоволство се распламтува кога истото гледа дека шансите за добар резултат се мали. Еден од присутните рекол дека ако се продолжи вака ВМРО ДПМНЕ не мора да има кампања туку само Заев нека го пушта. Заклучокот бил да се бара опција Б каде Заев можеби и ќе ја нема доминантната улога во СДСМ на престојните избори и дека можеби е попаметно тој да се повлече од премиерски аспирации и да работи од втор план. Така ќе можеле да ги мотивираат некако општинските организации, кои им откажувале послушност, велат нашите извори.

Овие информации не се потврдени официјално од СДСМ, но дека кај социјалдемократите оддамна не штима укажува и тоа што на социјалните мрежи имаше и лавина негативни реакции за Заев од многу доскорешни негови поддржувачи.