10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

По барање на Коце Трајановски кинескиот град Нанчанг испрати 50.000 заштитни маски

„Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на моето барање,и за донацијата од 50.000 заштитни маски.
Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти.
Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот“, фејсбук статус на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.