По барање на Обвинителството, Сашо Мијалков во куќен притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од доброупатени извори.

Според непотврдени информаци, Министерството за внатрешни работи на барање на обвинителството во неделата вечерта подолго време не може да го пронајде
Мијалков за да му врачи наредба за куќен притвор и да го обезбеди неговото присуство на изрекување на пресудата на 26-ти март.

Пред домот на Мијалков има засилено полициско обезбедување и засега нема официјална информација ид Кривичниот суд.

Порталот Експрес наведува дека Мијалков не бил на двете адреси на кои го бараат полицајците по налог на Јавното обвинителство. Полициски извори тврделе дека откако не бил најден во куќата на Водно полициските „Алфи“ го барале и во хотелот „Мериот“, но не бил ниту таму со што се отвара можноста да се распише меѓународна потерница по Мијалков.

МВР ја продолжува потрагата по обвинетиот кој се соочува со затвор во должина од 13
години за Таргет Тврдина.

Според досегашните информации, досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет“ и „Тврдина“.