По бегството на Мијалков, недостапни и „иницијаторите“ за конгресот

Откако екс-директорот на УБК Сашо Мијалков стана недостапен за органите на прогонот, молк од таборот на иницијаторите за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Редакцијата на Радио Лидер се обидела да стапи во контакт со портпаролот на иницијативата Борче Стамов кој ја прекинал врската откако му се претставиле, по што го исклучи својот мобилен телефон и во последниот час е недостапен.

Како што наведуваат од Лидер, сакале да го прашаат Стамов дали иницијативата ќе го одржи најавениот конгрес за најавениот датум, со оглед на тоа што нивниот идеен творец и инспиратор Сашо Мијалков е во бегство.

Одговор од Стамов нема, како што нема одговор од никој од иницијативата која очигледно ќе остане во историјата како неуспешен обид на Сашо Мијалков да издејствува сопствено ослободување од кривичен прогон создавајќи дестабилизација на опозицијата.

Со своја реакција за бегството се нема јавено буквално никој од оваа иницијатива.