По Бујар Османи и Никола Димитров на средба со Никос Коѕијас

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе оствари средба со својот грчки колега Никос Коѕијас, информира МНР.

На средбата планирано е двајцата министри да разговораат за прашања од билателарен интерес, како и за натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Но, засега нема информации каде ќе се одржи средбата. Грчките медиуми, повкивувајќи се на неофицијални информации, објавуваат дека средбата на Коѕијас со Димитров ќе се одржи во Солун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.