По булеварот кај МАНУ до понеделник наутро ќе се вози само во еден правец

Поради асфалтирање со завршен слој, булеварот „Крсте Мисирков“, од утрово од 06 часот наутро, па се до 05 часот наутро утре наутро, ќе биде затворен за сообраќајот и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“. Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).

Утре, пак почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото в понеделеник, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“).

Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“.