По бунтот во ДУИ: Меџити во игра, Османи дома, Груби во МНР

Алмакос од сигурни извори во ДУИ дознава дека по жестока расправа во оваа партија е постигнат привремен мир.

Изворите на порталот посочуваат дека Бујар Османи ќе биде изоставен од игра, а ќе биде заменет со Изет Меџити кој ќе биде прв вицепремиер, а Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи, (позиција која што претходно била планирана да ја добие Османи).

Порталот тврди дека овој договор е постигнат вчера по што денеска (петок) Собранието на Македонија ќе гласа за реизбор на Талат Џафери за втор мандат на функцијата спикер.

Вчера такво нешто не се случи поради големо незадоволство во ДУИ за именувањата на Груби и Османи, пишува Алмакос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.