По честитките за летот на „SpaceX“, од Русија критики на реакцијата на Трамп

.(NASA via AP)

Руската вселенска агенција Роскосмос ја критикуваше во неделата „хистеричната“ реакција на американскиот претседател Доналд Трамп на првиот лет на астронаути на американска вселенска агенција NASA од американска територија, по речиси десет одини, но додава дека е задоволна што сега постои уште еден начин за патување во Вселената, додека Илон Маск на руски се заблагодари на честитките.

Приватната компанија SpaceX на милијардерот Илон Маск во саботата од Флорида во орбитата на Земјата успешно ја лансираше ракетата носач „Falcon 9“ во која првпат по повеќе од девет години беа двајца астронаути на NASA, кои полетаат од територијата на САД. Целта на оваа мисија беше да се запре монополот на Русија за летови во Вселената. Новата капсула „Crew Dragon“ во неделата без пробпеми се спои со Меѓународнатга вселенска станица (ISS), каде што ги пречека 63-от руско-американски екипаж.

Оваа важна фаза претседателот Трамп ја следеше од вселенскиот центар Кенеди и рече дека САД ја „вратија својата улога на светски предводник во Вселената“, како дека американските астронаути наскоро ќе слетаат на Марс, а Вашингтон наскоро ќе го имаат „најмоќното оружје“ во историјата.

Американските астронаути последните девет години во орбитата достигнуваа со руските ракети „Сојуз“ откако во 2011 година беше запрено лансирањето на американските вселенски бродови. Поради тоа, вчерашното лансирање Трамп го доживеа како „крај на зависноста од милоста на другите држави“.

„Тешко е да се сфати хистеријата пројавена по успешното лансирање на вселенсиот брод Crew Dragon. Тоа што се случи, требаше да се случи уште многу порано. Сега во Вселената не летаат само Русите. Тоа е прекрасно!“, објави на Twitter. Владимир Устименко, портпарол на Роскосмос.

Руската вселенска агенција Роскосмос, која долго време беше единствената способна да изведе лет со кој астронаутите се превезуваат до ISS, а изведе и рекорден лет за само 6 часа, ѝ честиташе на американската компанија „SpaceX“ на успешното лансирање.

„Би сакал да ги поздравм своите американски колеги. Успехот на оваа мисија ќе ни донесе нови можности коишто ќе ѝ користат на севкупната меѓународна програма“, изјави во видео-пораката на акаунтот на Роскосмос на Twitter, космонаутот Сергеј Крикалев, директор на руската вселенска програма за летови со екипажи.

Челникот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, им честиташе на успехот и на Илон Маск, и на шефот на NASA, Џим Брајденштајн, „Браво! Знам колку го посакувавте успехот на овој важен настан“, напиша Рогозин.

Маск, исто така, преку Twitter на Рогозин му се заблагодари со твит на руски јазик. „Ви благодарам сер (…)“, напиша основачот на „SpaceX“ истакнувајќи дека смета на „замена полесна и просперитетна долгорочна соработка“.

На честитката од Рогозин, реагираше и Брајденштајн. „Благодарам! NASA е благодарна за нашата соработка и се надеваме дека заедно ќе продолжиме во сферата на вселенските истражувања“, напиша челникот на NASA.

Русија во меѓувреме објави дека планира да тестира две нови ракети, а следната година да ја продолжи својата програма за Месечината, за каде што САД најавија дека имаат намера да ги обноват своите летови.

Во конекстот на растечките тензии меѓу Москва и Вашингтон последните години, вселенската програма и Меѓународната вселенска станица се редок пример на добра соработка.