По Чорлука и Манџукиќ се повлече од хрватската репрезентација

Фудбалерот на „Јувентус“, Марио Манџукиќ одлучи да се повлече од репрезентацијата на Хрватска чиј дрес го носеше 11 години. Хрватските навивачи се во шок, откако пред неколку дена и поранепниот капитен на Хрватска, Ведран Чорлука објави дека повеќе нема да игра за националниот тим.

Манџукиќ на својот Инстаграм профил објави емотивна порака со која им се заблагодари на навивачите за подршката и рече дека Хрватска добила еден од најверните навивачи.

„Супер Марио“ е вториот најдобар стрелец на хрватската репрезентација воо историјата со 33 постигнати гола во 89 натпревари, а беше еден од најзаслужните за освоеното второ место на мундијлот во Русија.

https://instagram.com/p/BmdVkdDhlSx/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control