По десет години израелски авион слета во Турција

Авион на израелската воздухопловна компанија „El Al“ слета во неделата во Турција, првпат по десет години и по жестоката дипломатска војна меѓу двата поранешни блиски партнери.

Авионот од типот „Dreamliner“ слета на аеродромот во Истанбул, потврди портпаролот на израелската компанија.

Според весникот The Jerusalem Post, израелскиот авион пренесува медицинска помош за САД за справување со епидемијата од коронавирусот.

Острата дипломатска криза меѓу двете земји настапуи во мај 2010 година, кога во десант на израелските командоси на бродот „Мави Мармара“ кој пловеше во составот на меѓународната Флотила на слободата чија цел беше да се пробие изралеската поморска блокада на Појасот Газа, загинаа десет турски државјани, главно со американско државјанство.

Израел тврдеше дека имал сознанија дека на бродот се наоѓаат и вооружени активисти, но иако зад него стоеше хуманитарна организација блиска на одметнатиот проповедник Фетула Ѓулен, подоцна најголем противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Анкара остро реагираше прекинувајќи ги сите односи со Израел.

Турција беше дотогаш единствената муслиманска земја којашто воено, економски и финансиски тесно соработуваше со Државата Израел, и нивните односи беа оценувани како извонредно добри. Но по споменатиот инцидент од 31-ви мај 2010 година, дипломатките односи беа замрзнати а сите други видови заедничка соработка прекинати. Израел по процесите пред меѓународни судови и организации се согласи во 2016 година во рамки на помирување да исплати отштета на семејствата на загинатите и повредените во вкупен износ од 20 милиони долари.

Турскиот парламент во август 2016 година го ратификуваше договорот за нормализација на односите со Израел. Меѓутоа, тензиите и натаму не губат на жестината, како и ниту острата реторика меѓу израеслкиот премиер Бенјамин Нетанјаху и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, особено во врска со палестинското прашање.