По дојава за бомба во РТС, вработените евакуирани

Вработените во јавниот сервис Радио Телевизија Србија (РТС) се евакуирани после дојавата дека во нивната зграда има бомба.

Полицијата во моментов врши претрес во зградата.

Српските медиуми јавуваат дека дојавата за бомба стигнала околу 14 часот, а по наредба на обезбедувањето, вработените морале да ги напуштат просториите.