По два часа дебата, лидерите отидоа на пауза

Зоран Заев од СДСМ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети од ДУИ и Билал Касами од тетовското крило на БЕСА, се четворицата лидери кои денеска седнаа на лидерската средба во потесен состав.

Тие се придружувани со по уште еден претставник од партиите.

По двочасовните разговори се очекува тие да продолжат со својата работа за пронаоѓање на взаемно прифатливо решение за повеќе отворени прашања  меѓу кои составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно формулацијата на реферндумското прашање.