По двегодишна пауза отворен минхенскиот Октобарфест

Со традиционалното забивање со славината во пивската бочва точно напладне, градоначалникот на баварската престолнина Минхен, Дитер Рејтер, го отвори во саботата годинешното издание на манифестацијата Октобарфес, првото по двегодишната пауза поради пандемијата на коронавирусот.

Октобарфест се одржува од 1810 година и неколку пати бил откажан, во XIX век поради епидемијата на колерата и во XX век поради војните и хиперинфлацијата.

Политичарите, предводени од премиерот на германската сојузна покраина Баварија, Маркус Зедер, пред 187-то издание на Октобарфест уверуваа дека нема зголемена опасност од ширењето на заразата со Covid-19.

Меѓутоа, и Зедер во разговорот за локалното издание Muenchener Merkur реле дека по Октобарфест сигурно ќе биде зголемен бројот на новозаразените. Истовременото додаде дека ситуацијата поради слободните капацитети во болниците, не е загрижувачка.

Минхенскиот градоначалник Рејтер ги повика посетителите да бидат претпазливи, и на лицата со хронични заболувања им препорача да не доаѓаат на Октобарфест.

Меѓутоа, и покрај стравот од пандемијата, рекордната инфлација, релативно ниската температура од 9 Целзиусови степени или војната во Украина, и годинешното отворање на Октобарфест мина со големи мешаници и редици пред шаторите на водечките минхенските пиварници.

И оваа година традиционалната кригла од еден литар пиво поскапи во однос на последниот одржан Октобарфест. Литар пиво сега чини меѓу 12,60 и 13,80 евра. На последниот одржан Октобарфест биле испиени 7,3 милиони литри пива и, меѓу другото, изеден 124 волови на ражен.

Организаторите се надеваат на рекордна посета на Октобарфестот по двегодишната пауза. Во 2019 година народната веселба на Терезиниите полиња среде Минхен беше посетена од повеќе од шест милиони посетители.

Годинешниот Октобарфест трае до 3-ти октомври, кој поради Денот на германското обединување е неработен ден.

Годинешното отворање го следеа протестите на заштитниците на животни, кои се противат на „славењето на одамна надминатите традиции“ коишто придонесуваат за „лошите прехранбени навики и багателизирање на унишувањата кои стојат зад тоа“.