По една година затвор за Нинџа и Кољо

341

Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски-Кољо се осудени на по една година затвор од Основниот суд 1 во Скопје, објави весникот „Вест“.

Двајцата се осудени поради тоа што на 29-ти октомври лани во Скопје пукале во шест лица и предизвикале општа опасност.

Во текот на постапката Нинџа и Кољо тврделе дека се невини. Според Обвинителството, причина за инцидентот за кои се осудени биле нарушени односи поради откуп на старо железо.

Василевски е познат како клучен сведок во случајот „Ровер“ во кој му се судеше на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.