По Елиф Елмас Наполи трга по ѕвездата Лил

Претседателот на Лил, Жерар Лопез, откри дека клубот прифатил четири понуди за младата ѕвезда на францускиот тим, Николас Пепе. Секоја од понудите делумно ги покрива финансиските барања на Лил, но засега нема конкретна олдука каде Пепе ќе ја продолжи кариерата.

24-годишниот Пепе е едно од најпривлечните имиња на трансфер пазарот ова лето, па сега се е во негови раце. Лил ќе му даде слобода да контактира со секој од четирите кандидати за неговиот потпис, а тој самиот ќе реши каде ќе замине.

Ливерпул, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Наполи се тимовите кои покажаа интерес за Пепе, кој нема да чини евтино. Лопез сигурно го потврди интересот на Наполи кои наводно прифатиле да платат 60 милиони евра за фудбалерот. Лил начелно бараше 80 милиони, па сега останува да е види колкави се другите понуди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.