По ембаргото Швајцарија пет пати го зголеми извозот во Русија

Швјацарија пет пат го зголеми извозот на сирење во Русија, откако Москва забрани увоз на храна од ЕУ, како одговор на санкциите од Западот, објави весникот „Швајц ам зонтаг“, пренесе МИА.

Според весникот, во септември 2013 година, швајцарските производители испорачаа на Русија 28 тони сирење, а во септември 2014, дури 160 тони.

Производителите, меѓутоа, стравуваат дека по укинувањето на руското ембарго пазарот ќе го преземат компании од ЕУ затоа што швајцарските производители сакаат да извезуваат и поскапи сирења.

Москва ова лето воведе едногодишна забрана за храна од земји кои воведоа санкции кон Русија.