По гафот на Шекеринска социјалните мрежи вријат: Срамота е да не си го знаете македонското знаме министерке!

213

Откако вчера министерката Радмила Шекеринска, заедно со премиерот Зоран Заев и со Талат Џафери, го посетија еден од најголемите носачи на авиони  „Хари Труман“ оттаму се пофали со стаус на Фејсбук, граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираа.

По слетувањето на носачот кој е долг 333 метри и има носивост од 100 илјади тони министерката за одбрана напиша дека биле во посета на носачот на авиони „Хари Труман“ и дека на авионот од ескадрилата на САД било аплицирано и нашето знаме.

„Вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман” низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во #НАТО на дело“, пишува Шекеринска на Фејсбук.

„Кажете игоспоѓа Министерка на  Радмила Шекеринска дека знамето што е аплицирано на авионот што е зад нив е знаме на Аризона (американска сојузна држава)“, стои во еден од статусите на социјалните мрежи.

Други пак, тврдат дека не станува збор ниту за знамето на Аризона, туку за амблем на ескадрилата кој само на прв поглед потсетува на македонското знаме.

„Срамота е да не си го знаете знамето минисерке. Знамето на Македонија во средината има жолто сонце, а не црвено. Добар спин, да не се фативте во лага“, се вели во еден коментар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.