По Германија и Холандија ја прекинува воената мисија во Ирак, САД прогласија највисоко ниво на опасност

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен во 2016-та го посети тренинг кампот Бнаслава крај Ирбил, каде Бундесверот ги обучува Пешмерга, единиците на ирачките Курди

По гераманската и владата на Холандија објави во средата вечерта дека ја прекинува воената мисија за обука на локалните сили во Ирак, откако САД предупредија за зголемување на заканите од иранските сило, односно ирачките сили кои имаат поддршка од Иран,.

Холандскиот воен персонал помага во увежбувањето на ирачките сили во Ербил, севернта автономна ирачка покраина Курдистан, заедно со другите странски вокници. Според процената на Reuters, Холандија има 169 припадници на воениот и цивилниот персонал во Ирак, а што ги вклучува и 50-ината во Ербил кои им помагаат на курдските сили. На холандските сили им е наредено до недала сите да останат во базата, јавува холандската новинска агенција ANP.

Претходно во средата министерството за одбрана на Германија соопшти дека од почетокот на седмицата Бундесверот на неодредено време ја прекинал обуката на ирачкиот воен персонал. Како причина беше наведена влошената безбедносна стуација во оваа земја поради тензиите меѓу САД и соседен Иран.

Шпанија во втроникот вечерта објави дека го повлекла својот воен брод од водите во Персискиот залив од групата под водство на Соединетите држави поради тоа што „САД ја променија оригиналната мисија“. Шпанската фрегата „Мендез Нуњез“ требаше да биде во групата пловила кои го продружуваат американскиот носач на авиони „Абрахам Лонколн“ во водите во близина на Иран, меѓутоа во вторникот Мадрид соопшти дека овој брод со 215 морнари провремено е повлечен. Во соопштението не беше наведена причината, што укажуваше на допломатското разијдување на Европската унија и САД по прашањето на односите со Иран.

Во средата ноќта по европско време американскиот Стејт департмент објави на својата интернет страница дека за Ирак на сила стапило највисокото четврто ниво на опасност, барајќи од државјаните на САД да не патуваат во регионот. Американсата дипломатија предупредува да не се патува во Ирак „поради терориам, грабнувања и вооружен конфликт“.

Истовремено се истакнува дека американските граѓани „не треба да патуваат преку Ирак во Сирија, за да земат учество во тамошниот вооружен конфликт, каде што може да се екстремно високите лични ризици (од грабнување, повреди или смрт), како и со правни ризици (апсење, глоби или протерувања). Во документот се потсетува дека можноста американската администрација да им пружу услоги во итни ситуации на американските државјани е „крајно ограничена“, откако претходно беше издадена наредба која се оденсува на дипломатскиот персонал кој не е задолжен за вонредни ситуации во во американската амбасада во Багдад и во конзулатот во Ербил,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.