По гласањето за двојазичнст, Џафери пресот го почна на албански

Првата прес-конференција по донесувањето на Законот за јазици претседателот на Собранието Талат Џафери ја почна на албански јазик.

Без да знаеме што зборува и без соодветен симултан превод, Џафери ја почна прес-конференцијата. Според новиот закон, претседателот на Собранието ќе може да ги води седниците и на Албански јазик.

Подоцна, тој одговараше новинарски прашања и на македонски јазик.

Инаку претходно на сила Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.

За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот.

Пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат гласањето по законот и да побараат процедурално да се обратат, но Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и со обезбедување излезе од пленарната сала.

Претходно при обидот на Џафери да ја отвори точката, пратениците од опозицијата побараа процедурално, но тој ги игнорираше и продолжи со работа, по што неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешниот лидер Никола Груевски излегоа на говорницата.