По години борба почина пејачката на Roxette, Мари Фредериксон

EPA/BALAZS MOHAI HUNGARY OUT

Марија Фредерискон, вокалистка на светски познатото шведски дует Roxett, почина во 61-та година од животот по 17 години долгата борба со ракот, пренесуваат во вторникот шведските медиуми повикувајќи се на претставникот на пејачката.

„Со тага ве информираме дека нѐ напушти една од нашите најголеми и најсакани артистки. Мари Фредерискон почина утрото на 9-ти декември по тешката болест“, го цитира весникот Dagens Nyheter менаџерката на беднто, Мари Димберг.

Смртта на пајачката, која зад себе остави две деца, ја коментираше и мултиниструменталистот Пер Гесле и автор на многу композиции на групата, кој со Фредериксон ги основаше Roxette.

„Времето лета толку брзо. Само неодамна со Мари седевме во мојот мал стан во Халмпштад и ги споделувавме напите мечти. Ми беше најпрекрасната пријателка 40 години. Никогаш повеќе ништо нема да биде исто. Ти благодарам Мари, благодарам за сѐ. Ти ги наслика моите црно-бели песни со најсветлите бои“, објави на социјалните мрежи вториот член на шведското дуо, Пер Гасле.

Roxette беа извонредно популарни во светот кон крајот на 1980-те и 1990-те години со мегахитовите како „Тhe Look“, „Joyride“ и „Listen to your heart“. Еден од најпознатите хитови на бендот е „It Must Have Been Love“(Christmas For The Broken-Hearted), издаден во 1987 година, кој во изменета верзија влезе во саундтракот за холивудскиот хит „Pretty Woman“ од 1990 година.

Фредериксон е родена на 30-ти мај 1958 година во градот Есјо. Првите успеси ги бележи во средината на 1980-те години, откако објави два соло албума и во 1986 година со пријателот Пер Гесле ја формира групата Roxette. Вкупно пејачката сними осум студиски албуми.

а почетокот од 2002 годинаи кај Фредерискон беше дијагностициран тумор на мозокот, кој беше успешно опериран Пејачката долги години се бореше со злата болест а во 2013 година дури и го сними албумот со наслов „Nu“ (Сега), но во септември 2015 година призна дека има проблеми со меморијата а понекогаш и со одењето. Во 2016 година Roxette поради тоа ја откажаа турнејата во чест на 30-годишнината од формирањето на бендот.