По големиот успех, веднаш неуспех – Цонга елиминиран од Јужњи во Синсинати

Победникот на Мастерсот во Торонто, Жо Вилфред Цонга брзо ги заврши мечевите на Мастерсот во Синсинати, откако во првото коло загуби од Михаел Јужњи со 2:0 во сетови (6:4 и 6:1).

Од фаворитите Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка победија и веќе се пласираа во третата рунда. Ѓоковиќ го совлада Жил Симон со 2:1 во сетови, а Вавринка беше подобар од Бенџамин Бекер со 2:0.

На женскиот дел од турнирот изненадување е поразот на Венус Вилијамс на стартот од турнирот која загуби од Луси Сафарова со 2:1, а претходната недела беше финалистка во Монтреал.