По грешка Deutsche Bank префрли 28 милијарди евра

Најголемиот германски кредитор „Deutsche Bank“ призна во петокот дека во рутинска трансакција по забуна трансферирала 28 милијарди евра, износ поголем од нејзината пазарна капитализација.

Грешката била направена на 16-ти март, кога „Deutsche Bank“ префрлил при на сметка во клириншката куќа „Eurex“ во сопственост на „Deutsche Boerse“, појаснува во писмена изјава за агенцијата AFP, портпролот на германскиот кредитор.

Сумата требала да биде далеку помала и банката не ја објавила, а покажува во „Deutsche Bank“ имаат проблем со информатичката технологија и со контролата.

Сметководствените грешки се случуваат често, но во случајот на Deutsche Bank износот е крајно невообичаен, а ја надминува пазарната капитализација на самиот кредитор којашти изнесува 24 милијарди евра.

Инцидентот бил брзо разрешен и не е предизвикана никаква штета, порачале од банката.

Тој, сепак, отвора прашања за системот за управување со ризиците и за контролните механизми и процеси во самата банка, поради што во меѓувремено извршниот директор Џон Крајан требало знатно да ги подобри. Неговата задача била да се реструктуира банка и да го „исчисти токсичното наследство“ на обидите од периодот пред финансиски да се конкурира на глобалните гиганти во сегментот на инвестициското банкарство.

И денес Deutsche Bank не работи профитабилно, а цената на нејзините акции потонаа во изминатите две години за повеќе од 50 отсто, од што 30 отсто само годинава.

Интерните проблеми на банката ги потврдува и најавата од оваа седмица за заминување на шефицата на одделот за ИТ и инфраструктура, Ким Хамондс, којашто повеќе наврати ја нарече Deutsche Bank – „најнедисфункционална компанија“ во својата кариера.