По изборите на Косово Макрон ќе се вклучи во дијалогот Белград-Приштина

Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека чека да завршат изборите во Косово за да се вклучи во решавањето на проблемите во дијалогот Белград-Приштина.

Тој ова го изјави синоќа на кратката средба со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави пред една недела во Берлин дека Германија и Франција се обидуваат да го покренат дијалогот меѓу Србија и Косово, како и да направат нешто за царините што Косово ги воведе на производи од Србија и БиХ.

По разговорите со српската премиерка Ана Брнабиќ, Меркел одби да ги коментира тврдењата дека Германија и Франција би можеле да назначат специјален пратеник за дијалогот Србија – Косово.

Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини и водачите на Западен Балкан, исто така, се состанаа на маргините на Генералното собрание на ОН во неделата вечер и го поддржаа продолжувањето на дијалогот Србија – Косово и побараа наскоро постигнување правно обврзувачки договор за нормализација на односите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.