Високите политички претставници на Европската унија останаа изненадени и вчудоневидени од потегот на Зоран Заев, кој по неговата посета на Израел изнесе невистини, што мораше потоа да бидат демантирани и од официјалната израелска држава.
Демант од Изарел за изјавата на Заев
Претходно, покрај острата реакција за неговата изјава која стигна директно и од вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом, пристигна и уште една врелеа шлаканица за Заев со која се демантираше дека тој остварил средба со заменик-шефот на МОСАД.
Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.
Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.
Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад, но тоа се покажа како целосна лага.
Претходно, во соопштението од израелската амбасада стоше дека се работело за куса куртоазна средба со лидерот на опозицијата Заев што е нормално за две пријателски земји.
На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стоеше во соопштението.