По казната Јувентус доживеа дебакл во Емполи

Empoli's forward Francesco Caputo (L) in action against Juventus' Italian defender Federico Gatti (R) during the Italian serie A soccer match Empoli FC vs Juventus Fc at Carlo Castellani Stadium in Empoli, Italy, 22 May 2023 ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Понеделничката вечер беше катастрофална за најтрофејниот клуб во домашните натпреварувања во Италија, торинскиот великан Јувентус, кој откако беше соопштено дека е казнет со одземање на 10 бодови со што драстично му се намалени шансите следната сезона да игра во Лигата на шампионите, само два часа подоцна во последниот дуел на 36-то коло беше целосно надигран со 1:4 кај Емполи.

Веста за одземањето на бодовите непосредно пред почетокот на мечот бездруго демотивирачки делуваше врз играчите на „Старата дама“ па на стадионот „Карло Кастељани“ го забележа првиот пораз по дури 24 години.

Јувентус откако падна од второто на седмото место со 59 бодови, имаше шанса со победа да ја намали разликата од пет бодови од четвртата позиција која води во Лигата на шампионите, на два зад Милан, а потоа во недела пред своите навивачи во дербито со „Росонерите“ пред своите гледачи да бараат победа за четвртата позиција.

Но Масимилиано Алегри не успеа да ги мотивира своите играчи, и Јуве и играчки и резултатски беше декласиран. Домашните поведоа во 18 минута со голот на Франческо Капуто од пенал, само три минути подоцна Себастијано Луперто зголеми на 2:0, а веќе во втората минута од второто полувреме Капуто со својот втор погодок го доведе Емполи на високите 3:0. Федерико Киеза намали на 1?3 во 85 минута, а Роберто Пицоли во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Претходно во понеделникот вечерта Рома на својот „Олимпико“ извлече бод во дуелот со Салернитана. Гостите водеа двапати со 1:9 и 2:?1, но „Волчицата“ на крајот успеа да остане непоразена.

Гостите во водство ги доведе Антонио Кандрева во 12 минута, израмни Стефан Ел Шарави во 47, Булаи Диа повторно го врати водството за Салернитана во 54 минута а конечните 2:2 ги постави Немања Матиќ во 83 минута.

Наполи на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одамна ја осигури титулата со 86 бодови, сега вториот Лацио има 68, Интер има 66, Милан е четврти со 64, а следата Аталанта со 61 и Рома со 60, па Јувентус со 59 бодови.

Емполи сега е на 14-то место со 42 бодови, далеку од зоната на испаѓање, а Салернитана е 15-та со 39 бодови, девет повеќе од позициите кои водат во Серија Б.