По коронавирусот Италија нападната и од скакулци

Роеви скакулци опустошија илјадници хектари ораници и пасишта на Сардинија, на југот од Италија, дополнително погодувајќи ги земјоделците кои веќе тешко се справуваат со епидемијата од коронавирусот, објавија во петокот нивните здруженија.

Бројот на скакулците се зголемил со растот на температурите, додека штетниците уништиле приближно 15.000 хектари пасишта во централната провинција Нуаоро, изјави Мишел Арбо, од сардинискиот огранок на италиканското земјоделско здружение Колдирети.

„Земјоделците ги загубија летните пасишта и делумно трева за есента и зимата…, а и оние малкумина кои успеаја да одгледаат јачмен, мораа да се откажат и од него“, рече Арбо.

Во текот на летните месеци, скакулците се вообичаена појава на медитеранскиот остров Сардинија, познат по неговите идилични плажио и ексклузивни одмаралишта, но годинешниот наплив е многу поголем од нормалното. Минатата година, на пример, за целата година штетниците уништиле околу 2.500 хектари во дотогаш најголемата наезда на скакулците по Втората светска војна.

Поекстремните временски прилики поттикнати од климатските промени, може да влијае на развојот и множењето на инскетите, вклучително и скакулците, според Ингацио Флорис, професор по ентомолигијата на Универзитетот Сасари на северозападот од Сардинија. Појаснува дека растот на температурите може да предизвијаат подолги сушни периоди, поради што почвата станува исушена и неплодна, што, пак, се идеални услови за инсектер кои ги полагаат јајцата во сува необработена почва.

Сѐ позачестените екстремни промени на временските прилики, вклучително и големата суша од 2017 година, па потоа преобилните дождови во 2018-та , а двата екстрема минатата 2019 година ја погодија Сардинија, предизвикуваат поголеми наезди на скакулци, рече Арбо. Појаснува дека на факторе е што на островот останува повеќе необработена земја, со тоа што сѐ повеќе земјоделци ја оставаат почвата необработена бидејќи повеќе не можат да остварат заработка од продажбата на жетвата.

Наездадата на скакулците се надоврзува на проблемите на Италија. Земјата беше првата силно погодена во пандемијата на короанвирусот во Европа и сѐ уште закрепнува од епидемијата која усмрти над 34.000 луѓе, што е четвртата најголема стапка на смртност во светот, и зарази повеќе од 240.000 луѓе.

Во текот на карантинот кој во март и април беше воведен ширум земјата, италијанските земјоделци се носеа со недостигот од земјоделски работници и студеното време коешто уништи големи количества овошја.

Последната закана доаѓа од мароканските скакулци, вид кој доаѓа од јужна Европа, вклучително и во Сардинија. Овие инсекти се поинакви од пустинските скакулци кои веќе ги опустошија полињата во источна Африка.