По ќотекот од Нурмагомедов Мекрегор пред нов предизвик

Конор Мекгрегор сè уште не е целосно свесен за тоа како поминал во борбата против Хабиб Нурмагомедов, а веќе доби нов предизвик. Бразилецот Хозе Алдо чека на реванш против Ирецот од 2015 година кога загуби по 13 секунди во  октагонот.

Алдо на Инстаграм му порача на Мекгрегор: Немаш каде да избегаш! Време е!

Бразилецот е полн со самодоверба, иако резултатите не покажуваат дека би требало да биде. По поразот од Мекгрегор, Алдо загуби два пати од Американецот Макс Холовеј.

Дали Ирецот ќе се бори со Бразилецот не е познато, но сигурно е дека прво ќе мора да паузира додека трае суспензијата од еден месец.