По Лев и Покетино го одби „Реал“

Тренерот на „Тотенхем“, Маурисио Покетино, како и селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев наводно не се заинтересирани да ја преземат тренерската функција во кралскиот клуб, откако Зинедин Зидан даде оставка.

Според шпанските медиуми, Аргентинецот беше главен фаворит на претседателот на „Реал“, Флорентионо Перез за наследник на Зидан, но тој ја одбил понудата.

Среќен сум во Тотенхем и горд сум што сум тренер на англискиот премиерлигаш, заедно со Даниел Леви имаме многу цели што треба понатака да ги исполниме, изјави Покетино.

„Жешкото“ столче го одбил и Лев кој со селекцијата на Германија се подготвува за настап на Мундијалот во Русија.

Апсолутно ја отфрлам таа можност. Јас сум во моментов на Светското првенство. Сигурен сум дека ќе пронајдат достојна замена за Зидан, кажа Лев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.