По масивната победа на ВРМО-ДПМНЕ на локалните, Мицкоски бара предвремени парламентарни избори

28

Порталот КУРИР направи и анализа во бројки од двата круга од локалните избори, како и паралела со бројките доколку локалните избори би биле парламентарни, бројките се следни:

Локалните избори во Македонија завршија, а според бројките ВМРО-ДПМНЕ освои 42 општини и градот Скопје, додека СДСМ само 16 градоначалнички места.

По ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера преку прес-конференција побара брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна.

Ова барање на Мицкоски доаѓа по изборниот резултат на партијата на локалните избори кои завршија со тотален пораз на СДСМ, а како победник се издвој ВМРО-ДПМНЕ.

КУРИР направи и анализа во бројки од двата круга од локалните избори, како и паралела со бројките доколку локалните избори би биле парламентарни, бројките се следни:

Во првиот круг од гласањето, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници беа избрани во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Ѓорче Петров, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и Штип.

Додека во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.

СДСМ во првиот круг освој само девет градоначалнички места, додека во вториот круг седум градоначалнички места.

Вкупно гласови во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освоило 316.532 гласови, додека СДСМ освоило 260.418 гласови, што е разлика од 56.114 гласови.

Во првиот круг евидентна е разликата и помеѓу вкупниот број на советнички места, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 444, додека СДСМ 375 советнички места или 69 советници повеќе во полза на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот круг пак, ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 19 градоначалнички местам, додека СДСМ само 7.

 

На изборите во неделата на 31 октомври за ВМРО-ДПМНЕ гласале 228,347 гласачи, додека за СДСМ само 187,883 што е разлика од 40,464 гласови во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

Според бројките ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник и со освоени градоначалнички места, но и со освоени советнички места низ целата територија на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе освоеше најголем број на пратенички мандати ако локалните избори беа парламентарни

Доколку локалните избори кои се одржаа пред точно една недела, односно на 17-ти октомври, беа парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираа народни претставници во Собранието на Република Македонија, тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе освоеше убедливо најголем број на пратенички места.

Ова го покажува анализата на изборните резултати од неделата на 17 октомври, на кои во првиот круг од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ 9, додека ДУИ 2 градоначалника.

Доколку освоените гласови на советничките листи на партиите се преточат во освоени пратенички мандати, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе освоеше 45 пратеници, додека владејачката СДСМ 7 помалку, односно 38 пратеници. Споредено со актуелната состојба во Собранието, ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ би имала плус еден пратеник во Собранието (освои 44 на ланските избори), додека СДСМ би имал осум пратеници помалку во однос на ланските парламентарни избори кога освои 46.

Во албанскиот блок ДУИ ќе освоеше 18 пратенички места, Алијанса на Албанците/Алтернатива 7 пратенички места, додека БЕСА 3 пратенички места. Според гласовите на советничките листи, партијата Левица би освоила 6 пратенички места.

По еден пратеник би освоиле ЛДП/ДОМ, Демократската партија на Турците (ТДП) и Групата избирачи за НАШЕ КУМАНОВО која го поддржа Максим Димитриевски.

Победа на Данела Арсовска со над 28.000 гласа разлика

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во неделата освои убедлива победа над противкандидатот од СДСМ, Петре Шилегов.

На страната на Државната изборна комисија вчера беа се објавени резултатите од 100 отсто преброени гласови. Според истите Арсовска победата ја запишува со разлика од над 28.000 гласови.

Петре Шилегов во вториот круг од изборите има освоено 90.682, додека Арсовска освоила 118.765 гласови.

Оставка на Заев, СДСМ тоне во криза

Заев по катастрофалниот пораз на изборите во неделата вечерта на 31 октомври пред македонската јавност јавно ја даде својата оставка од функцијата премиер, но и претседател на СДСМ, со што партијата на власт веќе започна да паѓа во криза.

СДСМ на локални избори освој само 16 градоначалнички места, а доколку локалните на 17 октомври беа парламентарни избори, истото СДСМ би освоило само 38 пратеници, или дури осум пратеници помалку од минатогодишните парламентарни избори во јули 2020 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.