По мечот почина ракометната легенда Златан Сарачевиќ

Легендарниот хрватски ракометар и тренер на женскиот ти Подравка Вегета, 59-годишниот Златан Сарачевиќ, почина во билница во Копривница откако му се слошило по натпреварот против Локомотива.

Подравка во најголемото дерби на хрватскиот женски ракомет во Копривница ја совлада Локомотива со 32:29 и направи голем чекор кон новата титула.

Сарачевиќ се радувал на победата на своите ракометарки, но по мечот му се слошило по што итно бил пренесен во болницата во Копривница. Првично постојат сомневање дека станува збор за срцев удар, но засега нема потврда. Сарачевиќ починал откако не успеал обидот за реанимација.

Според локалните медиуми, Сарачевиќ по мечот ја возел дома тренерката на голманикит Барабатра Станчин, но на семафор му се слошило, била повикана Итна помош, но за жал лекарите не успеале да го спасат.

Сарачевиќ е роден на 5-ти јули 1961 година во Бања Лука, а со југословенската репрезентација освои златен медал на Светското првенство во Швајцарија во 1986 година и брознен медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

По распадот на СФРЈ, Сарачевиќ настапуваше за хрватската ракометна репрезентација стана олимписки шампионо во Атланта во 1996 година, светски првак на Исланд во 1995 година, освојувач бронзен медал на Европскиот шампионат во Португалија во 1994-та и златен на Медитеранските игри во 1993 година во Лангудок-Русијон.

Со тимот на сегашниот ППД Загреб стана европски првак во 1992 и 1993 година, додека со унгарски Веспрем беше втор во Европа во 2002-та.

Во тренерската кариера ги водеше Замет, Нјурегјази, Челик, Дубровник, ППД Загреб и женскиот тим на Подрвака Вегета.