По наредба на Арсовска, отстранет знакот „Ја сакам Кисела Вода”

Уривањето на знакот ,,Ја сакам Кисела Вода” во истоимената скопска општина предизвика инцидент кој за среќа минал без физичко насилство.

Граѓани реагираат на уривањето на локалниот заштитен знак кој долги години стои во оваа општина а кој сега се урива по налог на градоначалничката Данела Арсовска, тврдат жители на Кисела Вода.