По НАТО самитот средба Мицотакис – Ердоган во Брисел

Прва тет-а-тет средба во Брисел ќе имаат попладнево претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, веднаш по завршувањето на НАТО самитот. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на брифингот со новинарите во петокот истакна дека „каналите на комуникација со Турција треба да останат отворени”, а Грција се залага за конструктивен дијалог и се надева на мирно лето во односите меѓу двете земи.

Мицотакис во интервју за „Франс24″, вчера рече дека не е тајна дека имаат разлики со Турција, а како најважна го спомена одредувањето на морските зони меѓу двете земји и додаде дека треба да се најде начин за „контролирање на разликите без ескалација на тензиите и избегнување на она што се случи минатото лето” и уште еднаш ја истакна важноста да се почитува меѓународното право и добрососедските односи.

-Со Турција ќе живееме едно до друго, мора да најдеме начин, дури и кога не се согласуваме, да продолжиме да разговараме за да управуваме со нашите несогласувања на цивилизиран начин. И секако, постојат и други области во кои можеме да соработуваме со Турција. Имаме заеднички интереси. Ќе треба да ја имаме истата загриженост за животната средина. Климатските промени се закана за сите земји од Источниот Медитеран. Ќе треба исто така да се справиме и со мигрантското прашање, рече Мицотакис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.