По недобивањето гаранции од западните партнери, Русија ќе се повлече од догoворот Отворено небо

Русија следните денови ќе објави дека се повлекува од договорот Отворено небо кој овозможува надозрни прелети на земјите потписнички на договорот, откако не добила гаранции дека доверливите податоци нема да бидат достапни за САД кои претходно минатата година објавија дека се повлекуваат од него, пишува во петокот московскиот дневен весник Коммерсантъ, повикувајќи се на неименувани официјални извори.

Русија ќе се повлече од договорот шест месеци откако официјално ќе ги извести за тоа другите земји потписнички на договорот, освен доколку во меѓувреме не добие информации кои може да ја предомислат, пишува Коммерсантъ.

Договорот Отворено небо овозможува контрола на воените движења на негова земја и надзор на придржувањето на ограничувањата за распоредување на стратешките вооружувања на земјите потписнички, преку надзорни прелети на териториите на некои земји. САД уште во мај 2020 година најавија истапување од овој договор, обвинувајќи ја повторно Русија дека наводно го прекршувала.

Русија изрази притоа загриженоста дека САД, и покрај повлекувањето што подразбира дека над нејзината територија нема да се изведуваат вакви надзорни прелети, ќе имаат и натаму присап до разузнавачки податоци за прелетите кои ги собираат американските сојузници кои остануваат потписнички на договорот.

Москва се обидуваше од другите држави потписнички, особено од западните земји да добие гарабнции дека разузнавачките податоци собрани на овој начин нема да бидат споделувани со Вашингтон, но досега не добила такви уверувања, се додава во написот на Коммерсантъ.

Објавувањето на руското повлекување од договорот Отворено небо би можели да се случи во пресрет на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден на 20-ти јануари. Така, договорот START-3, за контрола на нуклеарното вооружување склучен меѓу САД и Русија, до февруари годинава ќе остане единствениот кој е на сила. Бајден најави дека сака да го обнови, но досега воопшто не објасни за кој период и во кој обем. Се претпоставува дека и новата администрација во Вашингтон ќе ги задржи интенциите на владата на републиканскиот претседател во заминување Доналд Трамп во поглед на споменатите договори во воената сфера.

 

За договорот

Договорот „Отврено небо“ го предложил уште во 1955 година тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер. Поптишан е во 1992 година, а неговата примена започна во 2002 година, од страна на 35 земји кои дозволуваат на невооружени трански летала надзор над нивната територија. Заедно со изготвување на Договорот за конвеционалните вооружени сили во Европа и Виенскиот документ од 1999 година, со стапувањето на сила на догворот „Отворено небо“, беше речиси заокружен процесот на градење доверба и транспарентност во сферата на конвенционалното оружје во евроатлантскиот регион.

Во практична смисла, овој договор им дава право на земјите потписнички да изведуваат набљудувачки летови над териториите на другите земји за следење на воените активности во согласност со договорените во него и договорените квоти на набљудувачките мисии. Договорот ги регулира летовите, го дефинира механизмот за следење на усогласеноста со договорот, содржи брања за типот на авионите, ограничувања во составот и техничките параметри на опремата за надзор.

Членки на договорот се САД, Русија, Белорусија, Белгија, БиХ, Бугарија, Велика Британија, Данска, Канада, Чешка, Естонија, Финска, Гранција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Лускембург, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Хрватска, Шведска и Шпанија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.