По новиот неуспех, за Меј алтернативниот план се речиси сигурни европски избори

Британските пратеници во петокот по третпат го отфрлија планот и договорот кој премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел за истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија која бара Лондон да ги објасни следните чекори, а Меј предупреди дека сега треба да се осмисли алтернативен план кој речиси суигурно вклучува учество на Велика Британија на иборите за Европскиот парламент што ќе претпоставува подолго останување на земјата во Унијата.

Одбивањето на договорот на премиерката Тереза Меј на денот кога Британија требаше да излезе од ЕУ – 29-ти март, значи дека е сосема нејасно како, кога и дали Велика Британија воопшто ќе ја напушти Европската унија.

На вонредната седница во петокот, пратениците со 344 гласови „против“ и 286 „за“ го отфрлија Договорот за ислегувањето на 588 страници кој Меј по две години тешки преговори ланскиот ноември го усогласи со европските челници. Тоа значи дека Британија го пропушти рокот кој ѝ го даде ЕУ да го одложи брегзитот до 22-ри мај и да ја напушти Унијата со договор. Премиерката Меј сега има рок до 12-ти април да побара ново одложување а да не се случи Британија до тој датум да не излезе без договор.

Меј рече дека сега треба да се осмисли „алтернативен начин како натаму“ којшто „речиси сигурно“ вклучува учество на Велика Британија на изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај. Исходот од гласањето е „за длабоко жалење“, рече. „Стравувам дека доаѓаме до границата на овој процес во парлаемнтот“, додаде премиерката.

Претходно ЕУ предупреди дека дококлку британските пратеници не го одобрат договорот до крајот на седмицава, Британија ќе ја напушти Унијата на 12-ти април. Другата можност е учеството на Велика Британија на изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, што би значело продолжување на преговорите за брегзитот до крајот на годинава или уште подолго.

 

Третиот пораз на Меј

Ова беше трет пораз за премиерката Тереза Меј, а новиот удар кој ѝ го зададоа претениците, вклучително и од нејзината Конзервативна партија сосема ја соголи нејзината стратегија. Без мнозинството во паралемнтот, нејасно е што следно ќе стори Меј. Можните опции се од ЕУ да побара подолго одложување на раздружувањето, парламентот да испровоцира предвремени избори или Велика Британија да излезе без договор.

Планот на премиерката и претходно двапати беше убедливо одбиен во парламентот, но иако успеа да придобија на својата страна многумина од побунетите нејзини Ториевци, Меј не успеа да ја добие поддршката од тврдите евроскептици и од малата северноирска Демократска унионистичка партија (DUP), благодарејќи на чиишто гласови инаку опстојува нејзината малцинска влада. Пратениците кои претходно седмицава ја преземаа контролата над процесот на брегзитот, во понеделник ќе се обидат да донесат накаков алтернативен план кој би можел да ја добие повеќепартиската поддрпка во парламентот. А такво нешто не се памети во историјата на парлаемнтаризмот во Обединетото Кралство.

 

Стасуваат новите рокови

Само неколку минути по објавувањето на гласањето во Лондон, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, најави дека европските челници ќе се состанат на 10-ти април и ќе расправаат за новонастаната ситуација. Европската комисија, пак, објави дека брегзитот без договотр сега е „најверојатното сценарио“.

Дефинитивниот пад на договорот на Меј значи дека Лондон сега има две седмици 27-те земји членки на ЕУ да ги убеди дека има алтернативен план за излегувањето од кризата или на 12-ти април ќе ја напушти Унијата без договор за односите со својот најголем трговски партнер. За бројни евроскептици тоа е најпосакуваната варијанта, но деловната заедница предупредува дека тоа би предизвикало тешки последици, не само за петтата според обемот светска економија, туку и за соседната Ирска, којашто е членка на ЕУ.

Сепак, какво и да е натамошно одложување на рокот за брегзитот, значио не само дека Британија ќе мора да учествива на европските избори, туку нова повеќемесечна неизвесност. Во игра тогаш би можело да влезе нов референдум, иако повеќето пратеници единствен излез гледаат во предвремени парламентарни избори.