По обвинувањата за криминално минато градоначалникот на Скадар се повлече од фукцијата

151

Иако официјално се уште не ја презеде функцијата, новиот градоначалник на Скадар, Валдрин Пјетри, веќе се откажа од функцијата, по опозициските обвинувања дека во Италија бил осудуван за шверц со дрога.

Веста за повлекувањето попладнево преку Фејсбук ја соопшти самиот Пјетри, кој на локалните избори на 30 јуни беше избран за градоначалник на северниот албански град.

Напиша дека одлучил да се повлече од функцијата градоначалник за да го насочи целото свое внимание и енергија во законското разрешување на обвинувањата на опозицијата, како обичен граѓанин.

-Свесен за важноста на политичкиот имиџ и одлучен да преземам законско разјаснување на обвинувањата од позиција на обичен граѓанин, без да оптоварувам никого, решив да си дадам оставка од функцијата градоначалник на Скадар, пишува меѓу другото Пјетри.

Инаку, вчера беше одложено конститурањето на Советот на Општина Скадар и давањето заклетва на новоизбаниот градоначаланик Пјетри, се додека обвинителството не донесе одлука околу веродостојноста на документите дека Пјетри бил осуден од судот во Фиренца за шверц на дрога, а потоа и протеран од Италија, што ги објави опозицијата.

Обвинителството почна постапка за проверка на документите и чека одговор од Интерпол и Европол.

По оставката на Пјетри на Твитер експресно реагираше лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, оценувајќи дека заминувањето на Пјетри значи „еден криминалец помалку во политиката“

„Еден криминалец помалку во политиката, еден узурпатор помалку во локалната самоуправа. Ништо не се менува се додека не замине Еди Рама, водачот на политичкиот криминал“, напиша Баша.

Претходно Баша обвини дека, освен Пјетри, уште 17 градоначалници се со кримнални досиеја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.