По одронот на патот Росоман-Прилеп – сообраќајот ќе биде во прекин околу шест часа (ВИДЕО))

Одрон има на патот Росоман-Прилеп, се претпоставува дека сообраќајот ќе биде во прекин околу шест часа.

Од Центарот за управување со кризи велат дека според информациите кои ги добиле од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп, кај месноста „Трите ленти“.

– Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа, нагласува Илија Бојаровски од ЦУК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.