Денеска околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.