По Орбан и италијанскиот премиер Драги денеска ја поддржа УЕФА

Премиерот на Италија Марио Драги ја поддржа денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која жестоко се противи на формирање Супер лига од затворен тип во која би играле 20 финансиски моќни екипи како замена за постојната Лига на шампиони.

-Владата внимателно ја следи дебатата околу проектот „Супер лига“ и ја поддржува позицијата на италијанските и европските фудбалски власти во насока на заштита на националните натпреварувања, вредностите и социјалната димензија на спортот, соопшти кабинетот на Драги.

Италијанските фудбалски прволигаши Интер, Јувентус и Милан се меѓу 12. к, кои стојат зад Супер лигата, што според најавите ќе стартува во август.

Поддршка на УЕФА претходно денеска изрази и унгарскиот премиер Виктор Орбан.