Канадскиот премиер Џастин Трудо се обврза во понеделникот да им пружи поголема поддршка на преживеаните во школите за присилна асимилација на домародното население, откако беше откриена масовна гробница на 215 староседелски деца.
Станува збор за ученици во интернатот „Kamloops Indian Residential School“ во провинцијата Британска Колумбија, затворен во 1978 година а нивните останки беа пронајдени со помош на специјален радар.
Канадскиот премиер Џастин Трудо вети „конкретна акција“ за поддршка на преживеаните, семејствата и домародното население, но не прецизираше какви дејствија подразбира под тоа.
„За жал, ова не е исклучок или изолиран инцидент. Нема да се криеме од ова. Мораме да ја признаеме вистината. Резиденцијалните школи биле стварност, трагедија која постоела тука, во нашата земја, и мораме да го прифатиме тоа“, рече Трудо.
Некои од децата имале само три години, а причината за нивната смрт сѐ уште е непозната. Но случајот поттикна повици на истрага за сите пореншни резиденцијални училишта, институции со кои управувала владата или црквата наменети за присилна асимиалција на домародните деца.
„Темелната истрага на сите поранешни резиденцијални школи би моќело да довее до подлабока вистина за геноцидот над нашите луше“, изјави националниот лидер на канадското Собрание на првите народи Пери Белегард, за весникот he Globe and Mail.
Со децении илјадници деца биле одземани од нивните семејства и сместувани во интернари, каде морале да ја научат традицијата на европските колонијалисти за да ја заборават сопствената култура. Насилството и сексуалното злоставување биле чести во таквите школи.
„Усепавме да го потврдиме она што нашата заедница од претходно го знаеше. Во овој момент, имаме повеќе прашања од одговори“, изјави за откритието челничката на домородната заеница Росан Каземир.
Шестгодишната истрага над канадскиот систем од резиденцијални училишта, кој насилно ги одвојувал домародните деца од нивните семејства, утврди во 2015 година дека ово јво меѓувреме укинат систем престатвувал „културолошки геноцид“.
Во извештајот е документирано страшно физичко насилство, потхранетост и другу ѕверства на коишто многу од 150.000 деца кои биле земани во тие интернати биле изложувани. Училипштата главно ги воделе католичлата и протестантската црква во името на државните власти, од 1840-те па сѐ до 1990-те години.
Извештајот утврдил дека повеќе од 4.100 деца умреле во текот на престоот во резиценцијалните училишта. Се верува дека 215-те деца чиишто останки се најдени закопани под некогаш најголемиот таков интернат во Канада не се дел од таа статистика, како и дека нивната смрт останала нерегистрирана до ова откритие.
Премиерот Трудо на Twitter напиша дека оваа вест „му го крши срцето, во болното потсетување на тоа мрачно и срамно поглавје во историјата на нашата земја“.
Во 2008 година канадската влада официјално се извини поради споменатиот систем. Домародната заедница соопшти дека до стредината на овој јуни очекува прелиминарни резултати од истрагата.