По отворањето на аеродромите, двојно повеќе ја напуштија земјата отколку што се вратија

Македонските граѓани како одвај да чекаа да се отворан границите за да заминат од државата, и веројатно повеќе да не се вратат, покажа вчерашниот сооднос на заминати наспроти вратени на скопскиот аеродром.

На првиот работен ден на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол Павле“ во Охрид допатуваа 38 а замина 144 патници.

Вчера по три и пол месеци првите патници пристигнаа и заминаа од скопскиот и охридскиот аеродром, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од Ковид-19.

Прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници, а веднаш по него, слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.

Први полетаа авионите за Стокхолм (6:26 часот), Келн (6:42) и Бремен (7:25), со авиокомпанијата „Визер“.

Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот, кој траеше од 19-ти март до 30-ти јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.

Не стагнираа само авионите, во исто време стагнираше и македонската економија. Владата на техничкиот Спасовски според не/преземањето на мерките се најде на дното на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.